дома Култура Кавадарци блескаше , како никогаш досега

Кавадарци блескаше , како никогаш досега

Кавадарци и гостите на „Тиквешкиот гроздобер“ 2019 ги поминаа најубавите и најемотивни моменти на годинешната забава под отворено небо.

Годинешниот “Tиквешки гроздобер” беше повеќе од забава! Имаше од се по нешто и за секого! Главни ѕвезди на манифестацијата оваа година беа “Леб и сол”, Jeлена Розга, а за финалето синоќа се погрижи мега популарниот Здравко Чолиќ.

Прекрасен беше и традиционалниот маскембал и дефилето на моторџии и алтернативните сцени, буквално се’ си беше на свое место и со извонреден фестивалски дух.

Синоќа публиката во еден глас ги пееше безвременските хитови на Чолиќ. На полноќ кавадаречкото небо го осветли спектакуларен огномет, по што продолжи забавата со легендарниот Чолиќ.

Кавадарци годинава се покажа како одличен домаќин и организатор на богата приказна под отворено небо.

ВИДЕО: “РТК – Кавадарци”