дома Локално Кавадарчани порачаа: Сите сакаме заедничка држава

Кавадарчани порачаа: Сите сакаме заедничка држава

Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија и вечерва организираше протестен марш во Кавадарци.

Приврзаниците на иницијативата ги повторија барањата за отфрлување на Тиранската платформа и задржување на унитарноста на државата. Пред присутните говореше Зоран Станоев-Дејзи.

– Имаме еден избор. Една химна, еден јазик, една држава за сите нас. Сите сакаме заедничка држава и единствена платформа за заедничка Македонија, рече меѓу другото Станоев.

Притоа нагласи дека продолжуваат со протестите, до исполнување на барањата.