дома Социјални Мрежи КАДЕ Е ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ: Љупчо Златев се сомнева дека пратеникот Павле Богоевски...

КАДЕ Е ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ: Љупчо Златев се сомнева дека пратеникот Павле Богоевски избегал од државата?

Каде е Павле Богоевски, прашува новинарот Љупчо Златев кој на неговиот ФБ профил објави снимка на која се гледа како пратеникот од „шарената револуција“ вади пасош од џебот на неговото палто.

Павле Богоевски фатен со пасош! Дали избега од државата?! – прашува Златев, коментирајќи ја снимката направена на 14. март, веднаш по срамното гласање на законот за двојазичност.

„Павле Богоевски фатен со пасош! Дали избега од државата?!
Пратеникот на СДСМ го нема ни по дрво ни под камен од денот кога се донесе законот за двојазичност. Пред домовите на неговите соборци во насилието, има протести – него го нема нигде.
Претходно истиот говореше како ќе си даде оставка ако Заев се залага за двојазичност, на крај гласаше за истата!! Оваа снимка е направена непосредно по насилното носење на Законот за јазици и на неа се гледа како тој им го покажува неговиот пасиш на . Каде Павле? Што се случува со него? Последниот пост на ФБ му е неколку дена пред насилните настани…“ – пишува Златев.