дома Актуелно КАКО БЕШЕ ЕВАКУИРАН ТАЛАТ ЏАФЕРИ: Дезертерот кој беше вмешан во масакрот во...

КАКО БЕШЕ ЕВАКУИРАН ТАЛАТ ЏАФЕРИ: Дезертерот кој беше вмешан во масакрот во Вецје, на ист ден 15 години подоцна полицијата му го спаси животот!

Пред да почнат инцидентите во Собранието, Џафери положи заклетва стоејќи во собраниската сала, додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ извикуваа „Ова е пуч“

Талат Џафери, пратеникот на ДУИ, кого СДСМ и албанските партии денеска во Собранието од нога го изгласаа за нов собраниски спикер, беше евакуиран под силно полициско обезбедување, откако специјалците успеаја да ја растераат насобраната толпа од собраниската зграда. Џафери е евакуиран во возило на специјалната полиција.

Пред да почнат инцидентите во Собранието, Џафери положи заклетва стоејќи во собраниската сала, додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ извикуваа „Ова е пуч“. Набргу после тоа, тој одржа и кратка прес-конференција во Собранието. Но таа беше прекината зашто набргу потоа толпа народ навлезе во собраниската зграда.

Кратко време по упадот во пленарната сала, дојде до упад и во салата за прес-конференции, каде што подебелиот крај го извлекоа пратениците на СДСМ кои се здобија со тешки повреди.