дома Европа КАКО ДЕЛ ОД ПРОЦЕСОТ НА ЗAКРEПНУВAЊE: Во Шпанија пaциeнтитe со Koвид-19 ги...

КАКО ДЕЛ ОД ПРОЦЕСОТ НА ЗAКРEПНУВAЊE: Во Шпанија пaциeнтитe со Koвид-19 ги носат на плажа

Пациенти кои се заразени со новиот коронавирус во Шпанија се носат покрај море на плажите во Барселона како дел од процесот на закрепнување.

Медицински тимови од болницата „Дел Мар“ во Барселона се фотографирани додека ги носеле заболените на плажа, објави „Би-би-си“.

Шпанија беше една од најпогодените европски земји од пандемијата, но во последните неколку недели ситуацијата се става под контрола. За да го спречат ширењето на коронавирусот, шпанската влада воведе рестриктивни мерки, па луѓето не можеа да излезат да вежбаат на отворено, а децата со недели имаа забрана за напуштање на домовите.