February 6, 2023, 4:31 am

Како никогаш досега имаме сплотеност на луѓе од најразлични групи со една единствена цел, остaвка на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ние сме пред се политичка партија која што е одговорна пред граѓаните. И мислам дека нема човек во Македонија кој што се сомнева во тоа дека ВМРО-ДПМНЕ не може да изнесе огромна бројка на луѓе во било кое време, во било кои услови на улица. Но како одговорна партија пред се мораме во овој период да внимаваме на здравјето на граѓаните. И затоа го кажав од кујната на СДСМ, бидејќи таа теза која што тие ја пласираат е дека немало доволно луѓе на протестите. Истите тие луѓе доколку ние имавме денеска протест со 5.000 луѓе министерот Венко Филипче ќе не обвинеше дека сме кластер ВМРО и дека шириме корона“, истакна Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет при ВМРО-ДПМНЕ во вклучување на вести на телевизија 24.

Нелоски додаде дека не е важно дали на улицата има 100,200,500 или 1.000, 5.000 луѓе. Она кое што е важно дека револтот на граѓаните е евидентен.

„Како никогаш досега имаме сплотеност на луѓе од најразлични групи. На луѓе кои што биле против ВМРО-ДПМНЕ но и со ВМРО-ДПМНЕ. Целта на сите овие луѓе е јасна, а тоа е оставка на Зоран Заев“, нагласи Нелоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This