дома Политика КАКО СДС ГИ ИЗЛАЖА И БИЗНИСМЕНИТЕ: Ветуваа превенција и опомени, а сега...

КАКО СДС ГИ ИЗЛАЖА И БИЗНИСМЕНИТЕ: Ветуваа превенција и опомени, а сега политички затвораат локали само затоа што делеле шеќерчиња со лого на општина која не ја води СДСМ!

СДСМ во текот на кампањата ветуваше нов пристап во казнената политика. Тие велеа дека инспекциските служби нема да бидат инструмент за репресија и политички притисоци. Според најавите, во текот на процесот прво ќе има опомена за сторен прекршок, а при негово повторување ќе следи казна.

 

Но, како и за многу други нивни ветувања, сето ова добро изгледаше додека СДСМ не дојде на власт. Денес сме сведоци дека 3 месеци СДСМ се на власт, а од ветеното ништо не исполнија.

Доказ за тоа е затворањето на локалите „Палма“ и „Тренд“ во изминатите неколку дена. Инспекциските служби ги затворија локалите поради банална причина. Причина за затворањето е тоа што на шеќерчињата кои ги служеле го има логото на општината Аеродром.

За жал, очигледно е дека затворањето е извршено поради политички притисоци од страна на новата власт на СДСМ.

Дали актуелната власт е заплашена дека на актуелните локални избори во Аеродром нема да победи па затоа започна со класично заплашување на граѓаните?

Зарем ова е животот кој долго време го најавуваше СДСМ на граѓаните? Подобар живот со притисоци, закани и заплашувања.

Еве што ветуваше СДСМ:

Еве што реализира:

Граѓаните на општина Аеродром се жалат дека два познати угостителски објекти се затворени поради тоа што на шеќерчињата кои тие ги користеле го имало логото на општината.