дома Балкан КАКО ТУРЦИЈА СЕ СПРАВУВА СО ВЕЛЕПРЕДАВСТВО: Во тек е акција за апсење...

КАКО ТУРЦИЈА СЕ СПРАВУВА СО ВЕЛЕПРЕДАВСТВО: Во тек е акција за апсење на 271 војник

Турција започна акција за апсење на 271 војници во неколку турски провинции, под сомневање дека се следбеници на имамот Фетула Ѓулен, кој живее во САД, а за кои Анкара вели дека стои зад неуспешниот државен удар во 2016 година.

Операцијата за апсење започна во 5 часот по локално време и се спроведува против војници кои биле во контакт со оперативците на Ѓулен, објави Ројтерс.

Меѓу војниците има 10 полковници, како и пензионирани генерали.

Од 2016 година, таквите акции се чести и оттогаш 160.000 луѓе беа уапсени, а за истиот број се суспендирани или отпуштени од своите работни места.

Од уапсените, 77.000 беа обвинети и притворени за време на судењето.