дома Политика КАЛАШЊИКОВИ „ИГРАЛЕ“ ВО АРАЧИНОВО: Активисти на БЕСА под закана од автоматско оружје...

КАЛАШЊИКОВИ „ИГРАЛЕ“ ВО АРАЧИНОВО: Активисти на БЕСА под закана од автоматско оружје во Арачиново додека лепеле плакати!

Неколку дена откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со инцидентот во Кичево во кој еден кандидат беше убиен рече дека Албанците не се варвари со калашњикови, во Арачиново се случил тежок инцидент во кој бил користен автомат.

Синоќа, 20 минути по 22 часот , во селото Арачиново, скопско лицето А.И. пријавило дека додека 22-годишниот Ф.З. и други лица активисти на политичката партија „БЕСА“ од селото лепеле плакати, во нивна близина застанало патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое имало непознато лице.

Неознато лице од автомобилот го отворило прозорецот и од огнено оружје испукало еден куршум во воздух, по што заминало во непознат правец.

По дваесетина минути, пријавителот и останатите активисти се вратиле на местото на настанот и успеале да најдат една чаура, која ја однеле во Полициското одделение Арачиново.
МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

Но, од таму нема објаснување зошто нивните припадници не го пронашле куршумот од кој било пукано во предизборниот и нцидент.

Share this: