August 19, 2022, 12:56 am

Калајџиев: Heма ништо спopно во тоа затвopeниците да имаат право да бидат помилyвaни и глyпaво е воопшто да се оспopyва чинот на помилyвaњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема ништо спорно во тоа затворениците да имаат право да бидат помилувани и глупаво е воопшто да се оспорува чинот на помилување, бидејќи такво нешто постои во сите демократски земји ширум светот. Но, проблемот во конкретниот случај кај нас лежи во тоа што кај граѓаните владее огромно незадоволство во поглед на тоа колку навистина правдата ги стигнала оние кои ги прекршиле законите, но и во тоа што народот нема ни ронка доверба во институциите, пренесува Плусинфо.

Вака професорот на Правниот факултет по Кривично право, Гордан Калајџиев, го коментира списокот од 48 потенцијално помилувани осуденици што наводно веќе го аминувал министерот за правда Бојан Маричиќ, а во кој меѓу другите се наведени и имињата на бизнисменот Сеат Кочан, на сведокот за „крвавиот четврток“ Александар Василевски-Нинџа, на Бобан Илиќ, кој е осуден за убиството на малиот Алмир во Куманово.

Има луѓе кои вистински се покајале поради тоа што го сториле и тие луѓе се веќе подготвени да започнат нов живот. Зошто да не бидат помилувани?

Калајџиев за Плусинфо објаснува дека секој осуденик заслужува помилување доколку навистина го заслужил, а таквиот чин ѝ одговара и на државата, бидејќи ќе се намали пренатрупаноста во затворите.

– Потполно ги разбирам луѓето кои се бунат и кои го креваат својот глас против помилувањата, особено поради тоа што на списокот се наоѓаат и некои контроверзни бизнисмени кои се збогатиле на сомнителен начин. Луѓето се разочарани и лути, бидејќи гледаат дека некој што претходно ги ограбил сега одеднаш излегува на слобода. Но, во суштина, нема ништо спорно во чинот на помилување, а незадоволството кај народот треба да се сфати само како изблик на недоверба во системот – објаснува Калајџиев.

Тој вели дека треба добро да се резонираат работите и да се сфати дека не е сè црно-бело.

– Постојат многу аспекти кога станува збор за помилувањата. Како прво, луѓето кои се на слобода никогаш не можат да сфатат како е да се биде во затвор во Македонија. Условите во македонските затвори се многу лоши, па слободно ќе кажам дека една година помината во македонски затвор е исто како да си поминал две години во некој нормален европски затвор. Колку време треба луѓето да бидат затворени во такви услови? Има луѓе кои вистински се покајале поради тоа што го сториле и тие луѓе се веќе подготвени да започнат нов живот. Зошто да не бидат помилувани? До кога ќе ги држиме зад решетки? Исто така, огромна е пренатрупаноста во македонските затвори. Со помилувањето ќе се намали бројот на затвореници, а и државата ќе си го симне товарот од педесетина усти на годишно ниво. Втора работа, казните се драконски и постојат голем број политички процеси. Таков е случајот со бизнисменот Орце Камчев, на пример. Според мене, неговиот случај е целосно политички. Јас сметам дека треба да се спроведе помилување за сите политички осуденици во Македонија – вели Калајџиев.

Откако списокот за помилување исплива во јавноста, министерот за правда Бојан Маричиќ во денешното гостување на „Утрински брифинг“ рече дека ќе се погрижи во него да не се најде ниедно спорно име.

– Јас би сакал да објаснам дека министерот за правда не дава никаков предлог за помилување. Ова се специфични помилувања, бидејќи се работи за групни помилувања по повод Нова година кои се одвиваат секоја година. Листите кои се предложени ги прават директорите на затворите. Мислам дека дел од спорните имиња нема ни да се најдат на листите. Значи, предлог-листите се од затворите, а не од Министерството за правда. Тие листи поминуваат низ четири филтри – рече Маричиќ.

Како што објасни тој, оваа постапка не е јавна и не се објавува во јавност.

– Неблагодарно е да се објавуваат имиња во рана фаза, затоа што станува збор за луѓе кои се осудени и имаат свои надежи. Ние ќе се погрижиме да не се најде ниедно спорно име на списоците – истакна Маричиќ.

Заменик-министерот за правда, Агим Нухиу, утрово остро реагираше на предлозите за помилување и вели дека целосно се оградува од списокот, бидејќи тој лично не се согласил со содржината на списоците.

Нухиу на Фејсбук напиша дека никогаш нема да молчи за каузата на правдата.

Извор: Плусинфо

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This