дома Свет Калифорнија гори, прогласена е вонредна состојба!

Калифорнија гори, прогласена е вонредна состојба!

Пожар со голема брзина се шири во Калифорнија. Над  3.000 жители од планинските села мораа да ги напуштат своите домови.

Гувернерот, Џери Браун вчера прогласи вонредна состојба во областите Шаста и Риверсајд, поради пожарите. Температурата е над 37 степени Целзиусови, а силните ветрови и ниската влага се дополнителен проблем.

Со еден од петте главни пожари, во Кранстон, кој опфати околу 1.900 хектари се борат речиси 7.000 пожарникари.