дома Македонија КАМЕНУВАН ОСНОВЕН СУД 2: Зградата ја каменувало лице на кое се...

КАМЕНУВАН ОСНОВЕН СУД 2: Зградата ја каменувало лице на кое се уште не му е утврден идентитетот

Искршени се неколку прозорци на Основниот суд 2, или Граѓанскиот суд во Скопје, откако синоќа околу 23.00 часот врз објектот биле фрлени камења. Зградата ја каменувало лице на кое се уште не му е утврден идентитетот.

Од МВР велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.