дома Македонија Камчев: Парите ги спакував во торба „Луј Витон“, Јовановски многу го љуби...

Камчев: Парите ги спакував во торба „Луј Витон“, Јовановски многу го љуби тој бренд

Околу два часа во Кривичниот суд трае сведочењето на сведокот на обвинителството во „Рекет“ Јордан Камчев.

Бизнисменот Камчев одговара на прашањата на обвинителката Вилма Русковски и адвокатите на одбраната.

Камчев имаше интересен одговор за полната торба со пари која Јовановски ја добил во неговиот дом.

„Не може да биде во торба Адидас, нема да личи. Му ги спакував во торба Луј Витон оти он многу го љуби тој бренд. Па уште ми замери и за тоа дека парите биле по 50 евра, а тоа беше намерно така за да му ја наполнам торбата“, одговори Камчев пред судот.

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за случајот „Рекет” во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.