дома Образование Кандидатот за градоначалник од АА и Алтернатива за општина Желино Зибери во...

Кандидатот за градоначалник од АА и Алтернатива за општина Желино Зибери во село Ларце

Кандидатот за градоначалник од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива за општина Желино, Махир Зибери вечерва ја продолжи предизборната кампања во село Ларце.
Тој пред присутните ја претстави својата програма и истакна дека на оваа општина и е потребно само обединување. – На оваа општина и треба само проект наречен обединување. Промената не е само инфраструктура, рече Зибери.
Нагласи дека нема да поддржува кражби и корупција и порача дека ќе работи за тоа младите да се мотивираат и да остануваат во земјава, за нови спортски терени, за подобри услови за живот, како вода за пиење и нова водоводна мрежа.
На митингот присуствуваше и пратеничката на Алијансата за Албанците Илире Даути