дома Балкан Каракачанов доби внук, го крсти Гоце Делчев: „Веќе треба да им биде...

Каракачанов доби внук, го крсти Гоце Делчев: „Веќе треба да им биде јасно дури и на скопските манипулатори чиј е Гоце Делчев“

Красимир Каракачанов стана дедо по втор пат, а внукот го доби името Гоце Делчев.

“Малиот херој е второто внуче на претседателот на ВМРО од неговата ќерка Деница и неговиот зет Никола. Детето ќе го носи легендарното историско име Георги Николов Делчев. Ова се сите три имиња на војводата Георги (Гоце) Делчев. Веќе треба да им биде јасно дури и на скопските манипулатори чиј е Гоце Делчев! На малиот Георги му посакуваме здравје, сила и храброст“, беше соопштено на фејсбук страната на ВМРО – Бугарско национално движење

Гоце Делчев, односно неговата етничка припадност е предмет на спор помеѓу Македонија и Бугарија. Бугарија тврди дека Делчев се декларирал како Бугарин и се борел за ослободување на бугарскиот народ.