December 8, 2022, 7:32 am

Караџовски: Мора да бидеме подготвени за прeвентива, а не за вaкцина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога ќе дојде вaкцината, таа е добредојдена и државата ќе си го направи своето и ќе набави количина која ќе биде достапна во тој момент, вели првиот човек на Комисијата за заразни болести

Бидете сигурни дека ова ‘чудо’, корона – kpизата која не зафати на почетокот на годината ќе трае и до следната календарска година. Мора да бидеме поготвени за превентива, а не за вaкцина, тврди претседателот на Комисијата за зaрзни болести, Жарко Караџовски.

Кога ќе дојде вакцината, таа е добредојдена и државата ќе си го направи своето и ќе набави количина која ќе биде достапна во тој момент, вели Караџовски во интервју за МТВ1.

Тој објаснува дека здравствените власти се постојано во преговори со СЗО за, како што вели, социјално, социолошки и културолошки, секоја држава да добие одредена количина од оваа вакцина и во крајна линија тоа да биде фер, а не најголемите држави да ги купат сите дози а помалите држави, особено тие што немаат финансии да останат без дози.

Да се надеваме дека следната календарска година ова време ќе имаме на видик некаква вакцина, вели Караџовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This