дома Актуелно КАРАЏОВСКИ: СЈО е инфантилно, новинарите се пристрасни

КАРАЏОВСКИ: СЈО е инфантилно, новинарите се пристрасни

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски смета дека Специјалното јавно обвинителство е инфантилно и пристрасно со тоа што објави дека предметите што се паднале кај еден судија, без причина, му биле одземени и дадени на други две судијки, кои потоа ги отфрлија барањата за претрес кај поранешни и сегашни функционери. Реагираа и од Кривичниот суд.

СЈО треба да работи во рамки на законите и овластувањата, вели првиот човек на Судскиот совет, Караџовски.

„Сега имаме ситуација за некое дејствие што било на 20 јануари, а се објавува на 30 јануари. Дали тоа коинцидира со некои настани во државава или не, тоа е тема за дискусија“, рече Караџовски во врска со обвинувањата на СЈО за наводните местења судии кога треба да се решава по нивните предлози.