дома Сцена КАРОЛИНА УЖИВА НА ЗАМРЗНАТИТЕ НИЈАГАРИНИ ВОДОПАДИ:Каролина е на свадбено патување

КАРОЛИНА УЖИВА НА ЗАМРЗНАТИТЕ НИЈАГАРИНИ ВОДОПАДИ:Каролина е на свадбено патување

Додека ние имаме јануарска „пролет“, Каролина е на свадбено патување на место со температури многу под нулата.

Каролина Гочева во септември стапи во брак со својот сакан Михаил Корубин, а сега вљубениот пар ужива на прекрасните замрзнати Нијагарини водопади.

Каролина објави фотографија на својот Инстаграм профил на која има беспрекорна убавина. Мразулци на сите страни, но водата сè уште струи под дебелиот слој мраз кој се формирал на површината. Природата понекогаш создава вистинска уметност.

Таа откри дека таму е навистина студено и изгледа како да има минус 33 целзиусови степени. Атмосферата во Канада, македонското девојче ја прогласи за вистинска ледена доба.

Опремена со капа и шалче, плус тон љубов од саканиот, таа и покрај екстремните температури ужива во авантурата и минува незаборавни мигови.