дома Спорт Карпош Соколи го победи МЗТ Скопје во македонското дерби во АБА лигата

Карпош Соколи го победи МЗТ Скопје во македонското дерби во АБА лигата

Екипата на Карпош Соколи го победи МЗТ Скопје Аеродром во македонското дерби на регионалната кошаркарска АБА лигата.

На средбата одиграна синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ тимот на Соколи му се реваншира на МЗТ Скопје за поразот во првиот меч.

„Соколите“ славеа победа против шампионот со 77-74 по четвртини 14:17, 17:17, 18:12 и 28:28.

Најзаслужни за седмата победа на домаќините сезонава беа Доминик Мавра со 19 поени и Бојан Трајковски кој натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок од 17 поени и 12 скокови, додека  Драган Лабовиќ придодаде 15 поени.

Во редовите на на МЗТ Скопје, а воедно и на натпреварот, најефикасен беше Јуре Лалиќ со 22 поени, додека Ѓорѓе Дреновац средбата ја заврши со 19.

За македонскиот првак МЗТ Скопје ова беше 14-ти пораз сезонава во АБА лигата.

Со следното коло МЗТ Скопје го пречекува Мега Лекс, а Карпош Соколи гостува кај Олимпија.

Овој натпревар беше воведниот од 19.коло, во кое денеска ќе играат: Игокеа – Партизан, Партизан – ФМП и Цибона – Олимпија.

Двојките за утре се: Морнар – Будуќност, Мега Лекс – Задар и Крка – Цедевита