дома Uncategorized КАТИЦА НЕ САКАЛА ДА ГИ ДАДЕ ТЕЛЕФОНИТЕ: Катица едниот телефон го дала,...

КАТИЦА НЕ САКАЛА ДА ГИ ДАДЕ ТЕЛЕФОНИТЕ: Катица едниот телефон го дала, за другиот рекла дека го изгубила

Обвинителството за организиран криминал од специјалната обвинителка Катица Јанева ги побарало нејзините телефони во врска со истрагата во која Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец беа уапсени за примање поткуп и перење пари, објави САКАМДАКАЖАМ.МК. Според порталот, кој се повикувана извори од обвинителството, Катица Јанева не е под истрага и не ѝ бил вршен претрес.

А1 он пак објави дека по налог од Обвинителството за организиран криминал, полицијата врши претрес кај Јанева. И биле побарани мобилните телефони кои треба да бидат дадени на вештачење. Но Катица изјавила дека едниот телефон го изгубила.