дома Актуелно КАТИЦА ПРЕД СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ: Ќе се бараат одговори од Јанева...

КАТИЦА ПРЕД СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ: Ќе се бараат одговори од Јанева за причината поради која СЈО се откажа од „Пуч“

Советот на Јавни обвинители на Р.Македонја денес со почеток во 12 часот, ќе бара одговори од Катица Јанева зошто СЈО се повлече од случајот „Пуч“ во кој еден од обвинетите беше Зоран Заев, а главен осомничен Зоран Верушевски


Претседателот на Советот на Јавни Обвинители Петар Аневски, потврди деа Јанеа е повикана со барање да ги претстави аргументите зошто СЈО се повлекло од случајот. Сепак, во одговорот не посочи дали доколку биде констатирано дека повлекувањето било противправно, ќе биде подигнато ново обвинение.

Претходно, СЈО во јануари годинава го повлече обвинението за „Пуч“ против Зоран Верушевски и Зоран Заев откако претходно го бараше случајот под своја јурисдикција. Советот две недели подоцна побара ревизија на одлуката на СЈО.

Експертите се согласни, дека тој потег на СЈО и Катица Јанева беше со цел да се заштити лидерот на СДСМ и главниот обвинет Верушевски од затворска казна.