дома Свет Католичката црква се извинила: Злocтaвyвaни и бебиња oд дeвeт мeceци, cилyвaни жpтви,...

Католичката црква се извинила: Злocтaвyвaни и бебиња oд дeвeт мeceци, cилyвaни жpтви, maчeни co eлeктpoшoкoви..

Католичката црква на Нов Зеланд им се извинила на жртвите на злоставување во црквата. Се извинила пред кралската комисија што истражувала злоупотреби во државните институции за грижа и верските институции, бидејќи било утврдено дека 250.000 деца преживеале тортура, а меѓу жртвите биле и деветмесечни бебиња.

Католичката црква на Нов Зеланд, со извинувањето, исто така, изјавила дека е потребно да се променат нејзините механизми и култура, што ги овозможило тие злоупотреби.

„Денес, препознавајќи ја важноста на овој момент, ви се извинувам на вас, во име на бискупите и духовните водачи на Католичката црква на Нов Зеланд. Ви се извинувам во име на сите оние владици и духовни водачи кои ни претходеа. Нема оправдување за нивните постапки – како ниту за нашите – кои ви нанеле зло“, рекол кардиналот Велингтон Џон Дју, кој е и претседател на бискупската конференција на Нов Зеланд.

Неговите изјави се дел од сведочењето како дел од истрагата на кралската комисија, која сака да ги реши историските и сегашните обвиненија за злоставување.

Премиерката Јасинда Ардерн ја основала кралската комисија во 2018. година, сметајќи дека земјата мора да се соочи со „мрачното поглавје“ од својата историја, а задачата на комисијата подоцна се проширила на истрагата за злоупотреби во црквата и другите верски институции.

Според прелиминарниот извештај на Комисијата, објавен во декември минатата година, тој покажал дека скоро 250.000 деца, млади луѓе и членови на ранливи групи биле злоупотребени во верските институции и државни институции за грижа, од 1960. година до почетокот на 2000-тите.

Според извештајот, дури и деветмесечно бебе било меѓу жртвите, а децата биле малтретирани со години. Според Комисијата, меѓу другото, жртвите биле силувани и измачувани со електро шокови, а сторители биле свештеници и вработени во институции за згрижување на деца и психијатриски институции.

Комисијата треба да ги даде своите препораки подоцна оваа година, и тоа е една од најдолгите и најсложените истраги во историјата на Нов Зеланд.