дома Занимливости КАЈ КОГО СЕ ПАДНА ПАРИЧКАТА: Во семејството Груевски кај Боркица, кај Заеви...

КАЈ КОГО СЕ ПАДНА ПАРИЧКАТА: Во семејството Груевски кај Боркица, кај Заеви во куќата!

Среќата оваа година во семејството Груевски ќе ја носи сопругата Боркица , во неа се паднала паричката за време на бадниковата вечера кога се кршеше свеченото лепче. Во семејството Заеви пак, оваа година среќата останува во куќата

Ако според македонските обичаи паричката одредува чија ќе биде годината , лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија оваа година останаа без божиќна паричка во рака. Среќата оваа година во семејството Груевски ќе ја носи сопругата Боркица , во неа се паднала паричката за време на бадниковата вечера кога се кршеше свеченото лепче. Во семејството Заеви пак, оваа година среќата останува во куќата.

2017 година ќе биде среќна, весела и бериќетна и во семејството Димитриеви. Мајката на премиерот Емил Димитриев имала среќа при делењето на бадниковото лепче.
Во семејството на претседателот Иванов паричката се паднала кај синот Иван. Посакувам сето она што го имаме овие денови, сета радост, сета добрина и убавина да не следи во текот на целата година, да ја споделуваме радоста и да се чувствуваме добри и да го славиме животот, истакна претседателот.
Бадник честита и градоначалникот Трајановски. Посака многу здравје, бериќет, успех на секое поле, мир и меѓусебно разбирање и почитување.
Денес е тешко да се направи рамнотежа меѓу обичаите, традицијата и модерното. Но, колку и да сме модерни, убаво е да се задржи една доза на традиционалното. Па така без разлика кај кого од политичарите се паднала паричката оваа година и кој според македонските обичаи ќе биде среќен годинава скоро сите во едно се сложни, дека каде ќе биде паричката и не е толку важно,колку што е важно празниците но и претстојната година да се поминат со семејството и блиските во среќа и благодет.