дома Занимливости Кај Саранда уловена ајкула тешка 450 килограми

Кај Саранда уловена ајкула тешка 450 килограми

Албански рибари во водите на Јонско Море уловија ајкула тешка 450 килограми.

Големата ајкула се вплеткала во рибарските мрежи на бродот „Марио“ во близина на Борш, кај јужниот албански град Саранда.

Ајкулата е долга пет метри и е со темна боја.

Како што јави дописникот на МИА, ова не е прв случај албанските рибари да уловат ајкула, чие месото потоа го продаваат во угостителските објекти за висока цена.