дома Свет КИНА ИМА УРГЕНТНА ПОТРЕБА ЗА СИЛНА МОРНАРИЦА: Огромна вежба на Кинеската морнарица...

КИНА ИМА УРГЕНТНА ПОТРЕБА ЗА СИЛНА МОРНАРИЦА: Огромна вежба на Кинеската морнарица која се подготвува за „одбрана на своите интереси“

Кинескиот претседател Кси Џинпинг присуствуваше на голема вежба на морнарицата во Јужното Кинеско море

Обраќајќи се од непозната локација, Кси рекол дека Кина сега има потреба од силна морнарциа, а таа потреба „никогаш не била поургентна од сега“, пренесува Би-Би-Си.

Во воената вежба која кинеските медиуми ја опишуваат како најголема од овој вид, учествувале повеќе од 100.000 припадници на морнарицата, 76 борбени авиони и флотила од 48 бродови и подморници.

Вежбите кои ќе траат три дена, Кина истакнува дека се со цел да се подобрат одбрамбените поморски интереси, оценува АП.