дома Свет Кина и Русија им порачаа на Американците „да си гледаат во сопствениот...

Кина и Русија им порачаа на Американците „да си гледаат во сопствениот двор“

Кина се солидаризира со позицијата на руското Министерство за надворешни работи, кое го осудува мешањето на САД во внатрешните работи на други земји, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, на редовниот брифинг, пренесува ТАСС.

„Кина одлучно се спротивставува на мешањето во внатрешните работи на суверените држави“, подвлече Лиџијанг.

Претходно, руското МНР објави порака на „Фејсбук“ и на „Твитер“ во која го критикува коментарот на американската амбасада во Москва за неодобрените протести што се одржаа низ цела Русија во саботата, истакнувајќи дека САД треба да се фокусираат на своите домашни проблеми и да престанат да се мешаат во внатрешните работи на другите земји.