дома КОВИД-19 (Коронавирус) Кина ќе се coочи со меѓународна изолaциja доколку не дозволи да продолжи...

Кина ќе се coочи со меѓународна изолaциja доколку не дозволи да продолжи истpaгата за kopoнавирусoт

DALIAN, CHINA - JULY 29: A worker wearing a protective suit sprays disinfectant at a closed residential community on July 29, 2020 in Dalian, Liaoning Province of China. (Photo by Yang Yi/China News Service via Getty Images)

Советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан изјави дека Кина ќе се соочи со „меѓународна изолација“ доколку не соработува за време на понатамошните истраги за утврдување на потеклото на коронавирусот.

Саливан го пофали американскиот претседател Џозеф Бајден што им рекол на своите колеги од Г7 да ја „притиснат“ Кина да дозволи отворена истрага за потеклото на пандемијата, објави „Фокс њуз“.

„Она што Бајден го стори во Европа минатата недела се нарекува собир на демократскиот свет со заеднички глас за ова прашање, првпат по избувнувањето на пандемијата. Поранешниот претседател Трамп не можеше да го стори тоа, и Бајден го стори тоа. Тој го собра Г7, така што сите ќе ја поддржат изјавата во која се вели дека Кина мора да дозволи истрага на нејзината територија“, рече Саливан, пренесува Танјуг.

Американскиот советник за национална безбедност рече дека Кина има два начина – или да им дозволи на истражителите, на разумен начин, да ја извршат вистинската работа и да откријат од каде потекнува коронавирусот или да се соочат со меѓународна изолација.