дома Македонија КИРАЦОВСКИ: Имавме скандинавски избори кои и доликуваат на нашата земја

КИРАЦОВСКИ: Имавме скандинавски избори кои и доликуваат на нашата земја

Александар Кирацовски, шеф на Изборниот штаб на СДСМ на прес-конференција по затварањето на гласачките места рече дека Република Северна Македонија денес имала скандинавски избори кои поминале во исклучително мирна атмосфера. Кирацовски им се заблагодари на граѓаните и им честиташе за денешниот мирен изборен ден.