дома Спорт КИРЕ ЛАЗАРОВ НЕМА ДА ИГРА ДО КРАЈОТ НА ПРВЕНСТВОТО: Повредата не изгледа...

КИРЕ ЛАЗАРОВ НЕМА ДА ИГРА ДО КРАЈОТ НА ПРВЕНСТВОТО: Повредата не изгледа добро, открива Раул Гонзалес!

Македонија се соочува со огромен хендикеп во пресрет на двата преостанати меча од групата во Вараждин на ЕП во Хрватска, бидејќи, најверојатно, Кире Лазаров не може да игра.

Тоа беа зборовите на селекторот Раул Гонзалес, на прес-конференцијата по поразот од Шпанија (20-31).

„Не верувам дека Лазаров ќе може да игра на наредните два натпревари. Најверојатно остануваме без него до крајот на првенството. Повредата не изгледа добро. Тоа ќе биде голем проблем за нас, бидејќи тој е играч на кој се базира нашата игра и ќе биде многу тешко без него во продолжението“, рече селекторот.

Лазаров се повреди уште пред средината на првиот дел со Шпанија, а проблем беше, по се изгледа, десното колено, бидејќи држеше вреќичка мраз на него, на клупата.

Гонзалес откри и зошто на натпреварот против Шпанија не играше Филип Миркуловски.

Селекторот на Македонија Раул Гонзалез, по пресот во изјави за македонските новинари ја појасни ситуацијата во која се најде нашата репрезентација.

– Сакав да го одморам Миркуловски. Не очекува нов дуел со Чешка и затоа сакав да го одморам дека без К.Лазаров ќе биде тешко против Чешка. Многу грешки имавме, незнам што се случи. Мислам дека не бевме во натпреварот.