дома Економија КИТЕЊЕ СО ТУЃИ ПЕРЈА: СДСМ нема капацитет за инвестиции, се фали со...

КИТЕЊЕ СО ТУЃИ ПЕРЈА: СДСМ нема капацитет за инвестиции, се фали со тие на претходната власт!

Во недостаток на сопствени инвестиции кои што би обезбедиле нови работни места за граѓаните, аболицираниот Зоран Заев се слика и се фали со странските инвестиции кои што ги донесе ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е израз на неспособноста и некадарноста на владата предводена од СДСМ, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев.

-Да биде лицемерието поголемо токму странските инвестиции по кои што СДСМ и Заев фрлаа со дрва и камења кога беа во опозиција, сега им се единствена светла економска точка. Компаниите кои за СДСМ беа симбол за експлоатација на работници и ниски примања, сега за нив се компании кои поттикнуваат економски развој, велат од партијата и додаваат:

„Германската компанија „Костал Македонија ДООЕЛ Охрид“ е уште една од многуте странски инвестиции кои ги донесе ВМРО-ДПМНЕ. Нејзиното работење е само уште еден доказ за успешните економските политики кои ги имплементираше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кои резултираа со илјадници нови работни места.“

Потенцираат дека граѓаните се уште немаат видено никаков бенефит од криминалниот картел предводен од Заев, а СДСМ единствено што успеаја досега да направат е да ги зголемат бизнисите на своите функционери, на сметка на граѓаните кои се повеќе осиромашуваат.

-Оваа влада на СДСМ покажа и докажа дека нема капацитет ниту знаење да носи инвестиции, а уште помалку да ја води државната економија која се повеќе тоне. Граѓаните повеќе не можат и не смеат да живеат на работ на егзистенцијата и токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори за оваа црна власт на СДСМ конечно да си замине, се подвлекува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.