February 29, 2024, 10:16 pm

Книжарница ТРИ со книжевни препораки за секого

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во средината на летото и на Летниот книжевен фестивал, од Издавачки центар ТРИ пристигнуваат новитети и книжевни препораки за секого и секаде.

За сите кои сакаат лето за уживање, но полно со емоции и длабоки приказни, тука се новите ексклузивни наслови од Брит Бенет и Кристи Лефтери – „Половината што ми недостига” и „Пчеларот од Алепо”, како и две нови книги од авторки кои се веќе популарни меѓу македонските читатели, „Продавница за животни промени” од Рафаела Жордано и „Ние не требаше да се сретнеме” од Ањес Мартен-Лиган. За љубителите на мистерија пристигна долгоочекуваниот трилер „Трагачот”, од докажаната авторка во криминалистичкиот жанр Тана Френч.

За оние сакаат лето за промени, ТРИ го најавува романот кој ја менува перцепцијата за реалноста и историјата, „Пачинко” од Мин Чин Ли. Во духот на промените Паблишер го препорачува своето ново издание, неверојатно забавната и мошне поучна книга за тестирање на сопствените граници на издржливоста – „Да се живее со Navy Seal” од Џеси Ицлер.

Кога летото е резервирано за успех, неизбежни се новите книги од Брајан Трејси и Дејл Карнеги. А пак за толкување на филозофијата на живеењето, книжевниот хит што му ја дава тежината на летото е „Надвор од редот – уште 12 животни правила” на Џордан Питерсон.

Книжевно лето не е лето без класици, а за љубителите на класиката во ТРИ пристигнува Шерлок Холмс во светот на криминалците, „Авантурите на Арсен Лупен, крадецот џентлмен” од Морис Леблан.

Големата понуда која ќе ја пронајдете на https://issuu.com/242805/docs/_ ги очекува сите на полиците и во вашите домашни книжарници на kniga.mk. Летото во ТРИ е лето кое гарантира креативност и успех.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This