дома Македонија Коалиционите на 3aeв ќе нacтапуваат заедно за локалните избори

Коалиционите на 3aeв ќе нacтапуваат заедно за локалните избори

Политичките партии ЛДП, ДОМ и Демократски сојуз заеднички ќе настапат на претстојните локални избори, што треба да се одржат кон крајот на годината, дознава Фокус.

Од партиите на Горан Милевски, Маја Морачанин и Павле Трајанов неофицијално велат дека ќе излезат со заеднички советнички листи, но и со заеднички кандидати за градоначалници во многу општини низ државата.

Паралелно со тоа, опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека преговара со парламентарни партии од мнозинството надвор од СДСМ и ДУИ за промена на власта, меѓутоа ДОМ, ЛДП и ДС негираат дека се или биле дел од такви разговори.