дома Актуелно КОАЛИЦИЈАТА СО КРИМИНАЛОТ ДОАЃА СО ВИСОКА ЦЕНА: Спасоски и СДС ги заштитија...

КОАЛИЦИЈАТА СО КРИМИНАЛОТ ДОАЃА СО ВИСОКА ЦЕНА: Спасоски и СДС ги заштитија криминалците, цената се плаќа со човечки животи!

Спасовски и СДС ги заштитија криминалците, а сега за жал, штетата се плаќа со човечки животи

Инфомакс.мк дознава дека по објавените информации за кои знаеше целокупната јавност, а известуваа дури и провладините медиуми и колумнисти, МВР не превземала никакви мерки за сузбивање на организираните криминални групи.

Ниту едно дело не е расчистено и не се спроведени посебни истражни мерки за документирање на криминалните групи и нивно изведување пред лицето на правдата. Според информации на Инфомакс.мк во МВР не е отворена оперативна обработка „Омерта“ ниту пак е постапувано против лицата за кои постоеа индиции дека учествуваа во насилства, изнуди и опожарување на возила.

Напротив, наши извори од МВР велат дека тогаш добиле насока „не пипајте таму, наредбите се од највисоко ниво“. 

Ваквата коалиција со криминалот сега се враќа преку јавни ликвидации на млади момчиња кои веројатно не постапувале по насока на криминалците. Пет дена потпретседателот на СДС Оливер Спасовски молчи околу убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Убијците се на слобода, а нема ниту потерница по нив.

За криминалните групи пишуваше и про-владиниот колумнист Сашо Ордановски, кој во колумна објавена во провладиниот весник „Слободен Печат“ и порталот „Плусинфо“ објаснуваше дека некои „момци со широки вратови“ се шетале по скопските бизниси и вршеле рекет. Оние кои одбивале, останувале со запален автомобил.

Јавноста на големо зборува дека се работи за новоформирана агенција за обезбедување од Струмица, која има директна врска со Вице Заев, братот на Зоран Заев, за што сведочеше и т.н. свиркач, инаку припадник на единицата „Алфи“.

Тој во анонимно писмо до медиумите ја објаснува ситуацијата.

КОЈ НЕМА ДА ПЛАТИ РЕКЕТ, ДА СИ КУПИ ПРОТИВПОЖАРЕН АПАРАТ: Припадник на единицата „Алфа“ со анонимно сведоштво за мафијата на Заеви!