дома КОВИД-19 (Коронавирус) КОВАЧКИ: Ни ја забранија Задушница, a рестораните и кафулињата се отворени и...

КОВАЧКИ: Ни ја забранија Задушница, a рестораните и кафулињата се отворени и преполни

Ни ја забранија Задушница за да не се ширел КОВИД 19. Сите би се согласиле доколку тие мерки имаат чесна намера. Оти сите сме засегнати подеднакво, нели?

пишува: Драган КОВАЧКИ

Со кое право и оправдување рестораните и кафулињата се отворени и преполни до 16 часот, а притоа забрануваш да се запали свеќа на гробот на ближниот?

Кој ви даде право да ми го ограничувате правото на слободно движење во недоглед? Имавте Уставен рок од 30 дена да се справите со вирусот, кој го пробивте 3 пати досега. Зошто тогаш сме ставиле Уставно ограничување од 30 дена за вонредна состојба и постојано го кршиме?

Зошто повторно по кој знае кој пат денеска создадовте невидени турканици во продавниците, аптеките и сл. во Скопје, Штип, Куманово, Тетово каде што воведовте 4-дневен карантин? Па вие не учите ни од сопствените грешки! Комисијата наместо да се држи до професијата, си тера политика, а власта наместо да биде одговорна и да носи одлуки во полза на народот, си тера кампања и глуми некаков здравствен авторитет.

Ова е крајно неодговорно однесување кон јавното здравје и животите на секој од нас. За ова се одговара кривично.