дома Занимливости КОГА МЕСИ СЕ СЛИКА СО НБА КОШАРКАР: Светот се насмеа на фотографијата...

КОГА МЕСИ СЕ СЛИКА СО НБА КОШАРКАР: Светот се насмеа на фотографијата од Лео Меси и Дино Раџа

Легендарниот хрватски кошаркар Дино Раџа денес на социјалните мрежи објави дека му ја исполнил желбата на синот да се запознае со Лионел Меси.

Раџа преку неговиот сонародник Иван Ракитиќ стигна до Меси и му ја исполни желбата на синот. Тие го посетија тренинг центарот на Барселона, се фотографираа и добија потпишан дрес од Аргентинецот.

Сепак, она што најмногу привлече внимание е фотографијата која Раџа ја објави на Фејсбук. Меси покрај Дино изгледаше како уште еден негов син.