дома Актуелно КОГА МЕЧКАТА ЌЕ ТИ ЗАИГРА ВО СОПСТВЕНИОТ ДОМ: Во САД ќе се...

КОГА МЕЧКАТА ЌЕ ТИ ЗАИГРА ВО СОПСТВЕНИОТ ДОМ: Во САД ќе се формира СЈО за криминалите на Клинтон!

Шефот на кампањата на Доналнд Трамп, во изјава за MSNBC, рекол дека специјален обвинител за Хилари Клинтон сеуште не може да се каже со сигурност дека ќе нема, додавајќи дека тој разговор и решението за тоа ќе се случи „наскоро“

Трамп и потпретседателот Мајк Пенс „сакаат да ја обединат земјата, но немаме дискутирано за тоа неколку дена, и мислам дека со тек на време се ќе биде решено“, изјавил шефот на кампањата Келиан Конвеј, во интервју за MSNBC, пренесува Ројтерс.

Трамп не го истакнал ова прашање во телефонскиот разговор со Клинтон во славеничкиот телефонски разговор.

За време на кампањата, Трамп изјавуваше дека ако победи, Клинтон ќе се соочи со специјално обвинителство кое ќе ја разгледува „нејзината ситуација“.

„Ако победам, ќе дадам насоки на јавниот обвинител да ја разгледа твојата ситуација. Бидејќи никогаш немало толку лаги и толку задкулисни игри“, рече Трамп на дебатата организирана на 10-ти октомври.


Трамп исто така додаде дека Клинтон должи извинување за „33.000 е-маил пораки кои ги избриша“, и дека ќе „оди во затвор“ кога тој ќе стане претседател.

ФБИ исто така спроведува истрага во мејловите на Клинтон, а досега тврдат дека нема основ за сомнение. Сепак, потврдуваат дека досега не се преземени правилните „истражни мерки“ за да се обезбедат сите докази.