дома Актуелно КОГА НЕМА АКАДЕМИЦИ, МОРА СО ВТОРОЛИГАШИ: Зоран Заев со виски во рака,...

КОГА НЕМА АКАДЕМИЦИ, МОРА СО ВТОРОЛИГАШИ: Зоран Заев со виски во рака, бара помош и спас од криминалци!

По хаосот кој завладеа во редовите на СДСМ кој се рефлектираше во хаотичната и незаконска промена на десетици раководни кадри во МВР од страна на Оливер Спасовски, а со единствена цел заштита на криминалците од кои Заев веќе започнал да бара помош во пресрет на изборите на 11-ти Декември

Вчеравечер лидерот на СДСМ во еден познат скопски локал, под дејство на големи дози на виски поминал неколку часа со Сеад Рахиќ инаку познат лик од скопското подземје, кој во бројни случаи имал проблеми со полицијата и законот.

Освен по насилство, Сеад Рахиќ е познат и како брат на поранешниот висок функционер на СДСМ Есад Рахиќ кој подолг период наназад беше оддалечен од СДСМ и талкаше по политички ангажман во други, помали партии.

Според извори на iNFOMAX.mk, дел од пазарот помеѓу Заев и Сеад било и враќањето на семејството Рахиќ и ставање на нивните ресурси на располагање на Зоран Заев. Неофицијално, дел од задачите кои ги добило семејството Рахиќ е да вршат контрола, а по потреба да ги заплашуваат членовите на СЈО кои немале намера да ги извршуваат политичките нарачки на СДСМ што немале никаква правна поткрепа, односно да ги дисциплинираат оние кои одбивале без докази да прават политички театар.

Сеад Рахиќ досега е пријавуван за повеќе дела од областа на насилниот криминал. Против него полицијата има поднесено четири кривични пријави, д кои две за насилство во 2002 и 2008 година (со употреба на пиштол и стап). Освен овие, против него се поднесени уште две поединечни пријави по член 156 од 1983 година и 1981 година.