дома Сцена Кога ќе дознаете колку килограми ослабел Дарко Лазиќ за само 15 дена...

Кога ќе дознаете колку килограми ослабел Дарко Лазиќ за само 15 дена ќе ви се помати во умот

Српскиот пејач Дарко Лазиќ овие денови повторно е во центарот на вниманието откако сподели прва фотографија од ослабувањето што ги полуди фановите.

Лазиќ ослаби толку многу што фановите дури се чудат за неговиот метод и го прашуваат за совети, а тој едноставно одговори нема да се смирам додека не го отстранам салото од мене.

-Операцијата на стеснување на желудникот одлично ја поминав. Лекарите ми рекоа дека сега морам да пазам што јадам како и дека нема да можам многу да јадам. Ослабев 10 килограми за 15 дена и се подобро и подобро се чувствувам. Најтешко ми паѓа што не можам да се напијам ракија покрај кафето наутро. Тоа ми беше навика. Алкохол ми е строго забранет и се придржувам кон тоа, раскажува пејачот за српските медиуми.

Тој додава дека промената најдобро ја видел по 10-от ден кога килограмите започнале да се топат.

Инаку тој пред операцијата имаше 130 килограми, а сега има 120, а сака да ослаби уште 35 килограми.

-Желбата ми е да имам 85 килограми. Докторите ми велат дека треба да поминат неколку месеци како би бил потполно задоволен со изгледот. Но она што е најважно е дека ќе бидам поздрав, вели фолкерот.

Тој признал за медиумите и дека за неговата трансформација најзаслужна била свршеницата Марина Гагиќ.