дома Македонија КОИ СЕ РЕАЛНИТЕ ПРИХОДИ НА ФАТИМЕ ФЕТАИ: Чанта од 3000 евра и...

КОИ СЕ РЕАЛНИТЕ ПРИХОДИ НА ФАТИМЕ ФЕТАИ: Чанта од 3000 евра и бунда од 1000 евра не се купуваат со обвинителска плата

Фатиме Фетаи која од состојбата која ја пријавила на својот анкетен лист може да се заклучи дека станува збор за нормален граѓанин на Република Македонија носи чанта од 3000 евра.

Со обвинителска плата и плата на сопругот од 11.000 денари месечно е голема умешност да се одвојат 3000 евра за чанта, но ова не е единствена луксузна набавка на Фетаи, обвинителката беше забележана како влегува во судот со бунда од белградки ракуни која чини илјада евра.

Доволно е да се погледне анкетниот лист на Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи и ќе се забележи дека по ништо не се разликува од секој обичен граѓанин на Република Македонија. Така обинителката Фетаи располага со возило кое чини 2 илјади евра. Стан во Скопје кој е проценет на околу 5 милиони денари или околу 81 илјади евра, накит, како и два кредита од кои едниот на 30 години а другиот на 10години и за кр

 

ај платата на нејзиниот сопруг која изнесува 11 илјади денари. Значи вака се е нормално. Класично просечно семејство во Македонија.

 

Но Фатиме Фетаи отстапува од сите стандарди на просечното. Вечера медиумите забележаа дека носи чанта од познатата марка Гучи која не може да си ја дозволи секој “просечен“ граѓанин на оваа држава и која чини над 3 илјади евра. Колку за споредба платата на просечниот македонец на годишно ниво изнесува колку чантата на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи. Но ова не е се. Скапиот вкус на обвинителката Фетаи беше забележан и од поодамна. Така таа на едно од нејзините судења дојде во бунда која чини безмалку 1000 евра. Она што зачудува е како со обична и нормална плата и со ваков обичен анкетен лист Фетаи купува необични работи. Отука се поставува прашањето дали специјалната обвинителка била неискрена спрема Државната комисија за спречување корупција или пак дали сакала да скрие нешто или пак нешто друго е во прашање не се знае.

Доколку Фетаи може да одвојува толку многу за луксуз се поставува логичното прашање, колкави се реалните приходи на Фетаи?