Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ дала интервју за австрискиот весник „Клајне цајтунг“ (Kleine Zeitung) и откако разговорот го пренесоа хрватските медиуми, социјалните мрежи беа преплавени со коментари во кои корисниците ги демантираат или пак ги исмеваат нејзините изјави.
Имено корисниците на социјалните мрежи пишуваат за тоа како Хрватска и нејзините граѓани беа признати како рамноправна држава во составот на Југославија, и за тоа како таа додека била дете во времето на Југославија не ја поттиснувала својата националност, па не завршила во затвор, што е спротивно на нејзиното излагање во овој австриски весник.
Инаку, пред неколку месеци на трибините во Русија Колинда беше во присуство на својот сопруг Јаков, а откако привлече големо внимание околу себе, светските медиуми се заинтересираа детално за нејзиниот приватен живот и семејство.
Претседателката своето семејство вешто го крие од очите на јавноста, но еден од фактите е и возраста на децата.
Колинда инаку има две деца, синот Лука и ќерката Катарина, која привлекува посебно внимание во јавноста.
Седумнаесет годишната тинејџерка реди успеси на сите меѓународни натпреварувања во уметничко лизгање и важи за една од најталентираните на овие простори.