дома Занимливости Колкава беше силата на земјотресот што го стресе тлото во Македонија?

Колкава беше силата на земјотресот што го стресе тлото во Македонија?

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид,Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера на 07.11.2018 година во 17часот и 45 минути регистрирше земјотрес, 150 km југоисточно од Скопјe, во соседна Република Грција.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.0, а беше почувствуван од населението во јужните делови од републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.