April 19, 2024, 12:28 am

КОЛУМНА НА МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Русија го менува светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Е па драги мои, по претседателските избори во Русија, освен ако не сте индоктринирани или фатално загадени со токсична англосаксонска пропаганда, можевте да дојдете до вакви заклучоци:

На глобалната политичка сцена се судираат две парадигми, два вредносни системи. Евроатланскиот елитистичко-предаторски за кој човештвото е суровина која служи за рециклажа, а државите се депонии каде се складираат човечките заедници. И Евроазискиот или рускиот модел кој човекот го смета за суштество кое има и душа, а со тоа и совест и самосвест и идеали и потреби. Во едниот самоизбрани моќници ви го управуваат животот, а вие пасивно голтате и не му ја мислите, ама баш за ништо, а во другиот вие сте активен, мотивиран и ангажиран субјект кој МИСЛИ И СЕ САМОУПРАВУВА, односно, се спротивставува. Русите со масовна излезност и дома и во дијаспората низ светот ја демонстрираа својата приврзаност кон својата држава, дом и вредности. Тие им одржаа и час по култура, цивилизираност на наперчените евро-атлански вандали. Им покажаа како се гласа и на Британци и на Американци и на Германци и на Французи. Иако избирачкиот процес во Русија стана светски транспарентен од 2012 година, дури сега, преку набљудувачите и медиумите секому му дојде од дупе во глава дека со пропаганда и спин не можеш да ги уништитш фактите. А тие се општото признание на набљудувачите дека во нивните држави ваква транспарентност нема. Во Америка и Европа изборите се местенка и кражба. Силеџиство. Гласа кој стигне и како сака. Нема легитимации, нема ажурирани списоци, се краде на ангро, се лаже, се одземаат гласачки права масовно, се манипулира на ангро. Кај нас дури изборите ги организира и ,,спроведува,, американски амбасадор со помош на акредитирани ЕУ кукли. Во Америка и Европа народот, гласачите се маса која изгубила мотив и интерес за изборниот процес а со тоа и станала објект без желба, без самосвест и самопочит. Теледиригирана маса во посед на женерозните дародавци Суруши.

Оттаму во такви општества – депонии лесно проаѓа политичката порака која нуди безперспективност и гласи ЕДЕН Е ИЗБОРОТ ИЛИ НЕМА ДРУГА ОПЦИЈА.

Значи, вчера планетата се увери што е што на светската политичка арена. И амбиентот и реазултатите и конечно реакциите ја дефинираа сликата до детал. Овде на Балканот и особено во Македонија тоа курсевите за станување лидер што ги организираат разно-разни западни фондации, се гола вода. Дипломите на курсистите вредат како дипломите на Вандерштуловиот универзитет или Мала речица. Неупотребливи се. Далдисаноста на нашите самонаречени политичари по западниот вредносен модел и нивната идеолошка слепост ги прави неупотребливи и штетни за опстојот на македонскиот народ. А сега дури се и токсично политичко-пропагандно ѓубре кое мора самите жители на Македонија да го исчистат. Генерално и сеопфатно. На избори или со сенароден бунт.

Руските претседарелски избори и победата на Владимир Путин ни покажаа непобитно и која е разликата во нивото на општење на планетава. Евро-атланската западна политичко-елитистичка номенклатура е напросто вулгарно, вандалска племенска збирштина обележана со својата ДНК. Збир на дивјаци со центар во Брисел. Таа не умее да честита победа, да искаже почит и уважување било кому ако не е нивен покорен слуга, роб или бројлер. Муштерија да кажеме. Тие, таквите ги доживуваат Русија и Путин како ,,ходајуќи комплекси,,. Како волшебно огледало кое им јавува дека не се единствени, најубави, најмоќни на светот. Не се избрани од Бога и не се специјални да не кажам ,,црпнати,,. Еј бре простаци! Во својот гнев и бес не можат дури ни да скоцкаат рационална мисла. Се договорие да не му честитаат победа на Путин!? Бојкотираат култура на општење. Таков проблем тие немаат со водачите на ИСИЛ, УЧК и слични човечки исплувоци и дркотини. Уште жалат по ,,симпатичниот,, Јелцин и ,,напредниот и кооперативен,, Горбачов. Што само покажува дека секој азиски ,,завојувач,, е поим за култура и цивилизираност во однос на европските и американски елитистички дивјаци. Погледнете им ги само медиумите! Срамна парада на бројлери и беден одраз на поразените до гуша дегенерисани политички номенклатури.

Јас само ќе кажам: Вчера на изборите победи Русија, победи рускиот народ, победи Путин, ама и планетава со цело човештво кое од 2009 година наваму има вредносна алтернатива и други опции освен онаа што западот ја наметна во деведесетите од минатиот век. Политиката на сила и силеџиство го доживеа својот втор глобален пораз. Сега убаво се знае дека светот без Русија не е возможен. А не е дека не им се кажуваше.

За нас во Македонија е дополнително важно осознавањето дека на изборниот ден, ако сакате нешто значајно да смените, е да излезете на избори масовно и во раните утрински часови. До 10 часот наутро. На избори не се оди обезнадежен, туку со самоувереност и осознаеност дека не се гласа од личен мотив како дете на кое не му било удоволено, туку со свест за последиците од дадениот глас за некого. Големиот поет и кантавтор од седумдесетите Јевтушенко, кога американски новинари го прашуваа зошто не ја напушта Русија одговараше ,, лесно е да се сака земја кога се е како што треба, ама љубовта кон татковината се докажува кога и е најтешко,,. Се вика тоа одговорност. Првиот индикатор за тоа какви се кандидатите за нас во Македонија треба да биде кој од нив оди на визити по странски амбасади и кој амбасадор се интимизира со домашните политичари. На таквите народот, гласачите треба веднаш да им дадат шут карта, односно, да ги прогласат за отпишани преку изборни резултати. Оти секој таков отворено ви соопштува дека нема да работи за вас туку за странски нарачател. Црпко Заев е само највулгарниот примерок, но и жив доказ за вредносната парадигма на вандалскиот нецивилизиран запад.

Честитки и поклон за рускиот народ.

 

Мирка Велиновска
Дудинка.мк

23 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This