February 29, 2024, 10:36 pm

Колумна на Сотир Костов: Скопје 2021: Прозор мора пасти! (1943)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Борбата не ја добива оружјето, туку срцето на јунакот“
Петар Петровиќ Његош

Битката за градот Скопје и општините Центар, Карпош, Куманово, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Ресен и Кочани финишира. Првиот круг од локалните избори се покажа како голем и силен изборен бран во полза на опозицијата. Победнички бран. Бран кој донесе апсолутна и дефинитивна победа на ВМРО-ДПМНЕ за листите на кандидати за членови во советите во општините и градот Скопје, изразена со околу 50 000 гласа повеќе од противникот СДСМ, и големо водство во освоени градоначалнички места – 22 за ВМРО-ДПМНЕ, 9 за СДСМ и три за ДУИ. 9 + 3 = 12, безмалку е дупло помало од 22. Оваа бројка(22) во недела може да биде поголема, многу поголема.
Вториот изборен бран во недела, 31 октомври финишира. Граѓаните-избирачи само нека продолжат со својата одважност и храброст, така што победничкиот бран од првиот круг ќе се зголеми и победата ќе биде комплетна. Граѓанскиот налог “Прозор мора пасти!“ веќе е изречен и незапирливо се шири. Победа, голема победа за опозицијата, за градот Скопје, за општините и за Македонија. Нека гласањето во недела биде рокенрол. Во тоа име на сите граѓани херои, на опозицијата, на Данела, на Котлар, на Орце, Тимчо, Таравари, Аце, Боби, Иван, Марко и на сите избирачи што ќе гласаат им ја посветувам песната “Без наслов“, на групата “Галија“, од албумот “Далеко Је Сунце“.

Без наслов

Grane su se povijale
Pod jaukom vukova
Rane su im previjale
Vučice iz rovova
Od poroka i od strasti
Krili smo se ti i ja
Prozor noćas mora pasti
Glasila je naredba
Bila je noć gluvo doba
Dušmani su spavali
Dva poljupca i dva groba
Sanjali smo ja i ti
Kao kiša sam plakao
Dok su drugi pevali
Prozor je noćas pao
Ali pala si i ti
Heroji
Bili smo mi
Ljubav je bila ono
Što nas spaja
Rame uz rame do kraja
Grane su se povijale
Pod jaukom vukova
Rane su im previjale
Vučice iz rovova
Kao kiša sam plakao
Dok su drugi pevali
Prozor je noćas pao
Ali pala si i ti
Heroji
Bili smo mi
Ljubav je bila ono
Što nas spaja
Rame uz rame do kraja

Сотир Костов

П.С.

“Прозор мора пасти“ е наредба на Маршалот Тито, издадена во партизанската противофанзива, како одговор на фашистичката офанзива против врховната команда на војската на Југославија бо НОБ(план “Вајс 2“). Првиот напад од страна на партизаните на Прозор(мало градче во кое бил стациониран голем италијански фашистички гарнизон) не успеал, после што Тито на рака напишал наредба “Прозор ночас мора пасти“ и ја дал на увид на сите борци, кои ја прочитале, ја прифатиле, го нападнале Прозор, го освоиле, со што всушност ги спасиле 4000-те ранети кои требале да ја поминат реката Неретва(“Битка за ранетите“). Сиот овој хероизам е овековечен на филмска лента во легендарниот филм “Битката на Неретва“, во режија на Бељко Булајиќ и опеан во песната “Без наслов“ на групата “Галија“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This