дома Колумни КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Ај, ве молам марш!

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Ај, ве молам марш!

За вечерва би било убаво да поделиме три работи:

  1. Ја гледам ранг листата на пратеници кои земале патни трошоци. На 5-то или 6-то место го видов Хари Локвенец. Земал речиси 8.000 евра од Нова Година наваму. Колку што паметот ме држи, се сеќавам дека кога бев градоначалник му потпишав градежна дозвола на негово име. Куќата се наоѓаше во населбата Бардовци, и колку што сум информиран истата е изградена. По кој основ од Бардовци до Парламент зема 8.000 евра не ми е јасно, но веројатно е пријавен на прилепската адреса и паричкава добро му доаѓа. Замислете ги ваквите кога би им дале потпис на жиро-сметка. Тие на ситно гледаат што да „ќарат“, а тек ако им дадете да трошат буџетски средства на министерства, јавни претпријатија, установи или општини.
  2. Откако власта виде дека народот на референдум не излегува и дека опозицијата цврсто стои зад исполнување на договорот и формирање на ДИК, на гангстерски начин со европско знаменце си предложија закон со кој изборната комисија ќе се бира со просто мнозинство, наместо како досега со 2/3 мнозинство. Е дури сега опозицијата, треба да им порача на амбасадорите дека ако и ова го направи како што намислиле, опозицијата и јавно ќе излезе и ќе повика на бојкот. Па да ги видам што ќе прават. Без 400.000 опозициони гласачи – нема шанса оваа операција да се заврши. Дури сега е јасно и на Америка и на Европа дека овој зафат е невозможен без учество на ВМРО-ДПМНЕ. Нивната погрешна проценка, играњето со погрешни кадри (неспособни) е нивно промашување, а не наше. И, последиците треба тие да си ги санираат.
  3. Во социјализмот ако сакаше да се спроведе нешто, а никој да не смее да писне, тие „од горе“ ќе речеа – „така Тито рече“. Денес Тито го нема, и кога ќе сакаат нешто да спроведат или некого да исплашат, не се повикуваат на Тито туку на Русија. Денеска велат: „Русија стои зад ова“. Со ова ги плашат сите оние што се против промена на името, и против вакво понижувачко зачленување во НАТО. Ниту има Руси во земјава, ниту некакви инсталации, туку само има неспособни Македонски политичари и дипломати-силеџии. Русија си гледа сеир како странците и зајците – што би рекле кумановци: „преќав како пиле у кучина“. Како мислат да бидеме за НАТО кога ни го менуваат името, и уште да сме биле мирни.  Алооо…!!! Не НАТО, не Америка туку и Америка и Русија и Кина да бидат заедно, пак ќе бидеме против менување на името. Да престанат да ги плашат луѓето дека ако излегуваат на протести, демек биле со Русите. Замислете, Русите ги финансирале протестите во Македонија, им дале пари да купат факели. Како мислат тие? Ќе пукаат во 70-годишни жени со гумени куршуми, ќе фрлаат солзавци, ќе ги убиваат „Комитите“ по улици како кучиња, ќе ги кријат убијците и тоа се во име на НАТО. Море марш! И НАТО, и свети НАТО и вие со него!

Ние ли сме виновни, што Владимир Владимирович Путин се повеќе собира симпатии во целиот свет? Ние ли сме виновни што Америка го бомбардира кого ќе стигне? Ние ли сме виновни што во Арапските земји сеуште течат реки крв? Што сме ние виновни, Македонците, што Американците избрале „шлакнат“ претседател? Нема ден да не ја откина некоја „зелена“. Го видовте ли некни, фалеше на Кралицата да и удри уште едно коњско чифте. Па, чичко ми од Поддржи коњ да го пратевме ќе знаеше подобро да се однсеува отколку Доналд Трамп. Потоа Путин и Русија имале симпатии….па нормално кога се нормална земја и имаат нормален претседател кој води нормална политика.

Што се однсеува до про-руските елементи во државата, многу е симптоматично што се случи со оние кои вееја руски знамиња качени на полицискиот „Хермелин“. Со тие трикови во друго село. Тие што си ги плаќаат да им вејат руски знамиња, многу се провидни. Заедно со нив, секако.

Се противиме на промена на Уставот со цел промена на уставното име, се противиме на кршењето на нашиот рбет, и НАТО не е толку вредно за да дадеме толку жртви.

Сосема за крај:
Допрва ќе се развива кавга помеѓу САД и Европа. Баш ме интересира Макдеонските квислинзи на која страна ќе застанат. Да видиме дали тогаш ќе биде поважна Европа или Америка. Одговорот однапред го знам.