Во парламентот, колку и да не ја сакам, единствено остана достојна Лилјана Поповска, а прелетачите се приклучија на предавниците во најсрамниот дел. Следната вазалска улога ќе ја одиграат со договорот со Бугарија.
Во судот се одлучуваше за Дурловски, за актерот Владо Јовановски, за министерот Митко Чавков. За терористите, де. Се одлучуваше дали терористите може да седат дома, или и натаму ќе им прават друштво на оние од Диво Насеље. Многу ќе биде интересно ако тие од Диво Насеље побрзо излезат од затвор. Тие што имаа митралези, бомби, калашњикови, црни стрели итн, и овие што само го имаат срцето и ѝ го дадоа на Македонија и Македонскиот народ.
Еди Рама побрза да честита за законот за употреба на јазиците. Да им честита на Албанците, секако. Истото го стори и Хашим Тачи, оценувајќи го овој закон како врвно достигнување на Албанците. Интересно е што и двајцата им честитаат на Албанците во Македонија. Ако е врвно достигнување и ако е придонес за демократијата, што не им честитаат на сите Македонски граѓани. Затоа што како што велат тие, нели било добро за сите граѓани, а честитките стигаат само за едни! Како и да е, черечат од многу страни, честитаат од многу страни, ама сето тоа на крај треба да заврши со уставни измени. Е, тука опозицијата треба да ги покаже своите заби и својата цврстина.
Не Америка, не Хан, не Европска Комисија, Господ Бог не смее да ги натера пратениците да ги гласаат Уставните измени за промена на името и останатите булшитови! Е, тогаш ќе платат за притворите, за предавството, за продажбата, за сѐ!
Нормално, нема да имаат каде, тогаш ќе мора да одат на нови избори. Е таму народот, како што вели Најчевска, оној изманипулираниот би требало да се деманипулира. Значи ако опозицијата остане цврста, сакале или не мора да дојде до нови избори. Дека народот ќе им ги гласа сите овие предавства, малку утре. Тогаш ќе бидат сочекани на бусија и турнати од власт. Само треба машки да се издржи, и да се тргне во бескомпромисна битка!
Какви преговори, какви бакрачи!!!