дома Македонија КОМАНДАНТ МАЛИШЕВА НАЈАВИ ШТРАЈК СО ГЛАД ВО ШУТКА: Подобро ќе умpeмe како...

КОМАНДАНТ МАЛИШЕВА НАЈАВИ ШТРАЈК СО ГЛАД ВО ШУТКА: Подобро ќе умpeмe како што ни доликува отколку да ги прифатиме пoнижувaњaтa!

Мухамед Анди Красниќи-Kомандант Малишева од Kумановската група кој се наоѓа во затворот во Идризово, испрати отворено писмо до весник Весникот Лајм. Преку ова писмо, тој предупредува дека ако не се исполнат барањата на нивните соборци кои се на штрајк со глад во затворот во Шутка, штрајкот ќе биде проширен и во затворот Идризово.

“Подобро ќе умреме како што ни доликува отколку да ги прифатиме понижувањата”, вели тој меѓу другото во ова отворено писмо.

Подолу Весникот Лајм ја пренесува целосната содржина на писмото:

“Ако не се преземат мерки за барањата на делот од групата кој се наоѓа во затворот Шутка, и ние останатиот дел кои сме во затворот во Идризово ќе се приклучиме на штрајкот со глад. Прво ние бараме правда во држава во која што ја нема. Второ оваа држава нè донесе тука да нè убијат, да не елиминираат, затоа сеуште не мачат на разни начини. Трето, им покажуваме на сите албанци дека подобро ќе умреме како што ни доликува отколку да ги прифатиме понижувањата на овие идиоти “.