дома Македонија Комисијата за зapaзни болecти дала зелено светло за целодневна настава

Комисијата за зapaзни болecти дала зелено светло за целодневна настава

Владата на утрешната седница ќе одлучува дали да има целодневна настава за децата од прво до трето одделение кои со физичко присуство ќе тргнат на училиште на 1 октомври.

Според информации на Сител денеска Комисијата за зapазни болecти дала зелено светло децата од ист клас да можат да останат во училиште до 15 часот и да не се мешаат со други одделенија. Ова следува по реакцијата на многу родители зошто нема кој да им ги зема и да се грижи децата бидејќи тој период околу пладне кога им завршувале часовите биле на работа.