дома Македонија КОМИТИТЕ ВО ХУМАНА АКЦИЈА: Навивачката група „Комити Драчево“ донираа 161 Новогодишно пакетче...

КОМИТИТЕ ВО ХУМАНА АКЦИЈА: Навивачката група „Комити Драчево“ донираа 161 Новогодишно пакетче за децата на детската клиника во Козле

Навивачката група „КОМИТИ ДРАЧЕВО“ се самоорганизираа и собраа 161 новогодишно пакетче.

Тие денес пакетчињата ги донираа на хуманитарната организација на скопската православна епархија “Свети Спас” за да бидат поделени на дечињата од социјално загрозените семејства, дечињата без родителска грижа, во детската клиника Козле.

Отец Оливер Петровски во името на хуманитарната организација им се заблагодари и изрази надеж за понатамошна соработка.  „КОМИТИ ДРАЧЕВО“ остануваат со целта да помагаат во изградба на една подобра Македонија и едно подобро утре за сите Македонци!

 

Репортер
Борислав Стоилковиќ