дома Спорт КОМИТИТЕ МУ ОДДАДОА ПОЧИТ НА НИВНИОТ ДРУГАР: Огромно платно со ликот на...

КОМИТИТЕ МУ ОДДАДОА ПОЧИТ НА НИВНИОТ ДРУГАР: Огромно платно со ликот на Саздо се распосла на 21-та минута за 21 година колку што имаше Никола Саздовски

Платно со ликот на Никола Саздовски беше раширено точно на 21 минута од дуелот меѓу Вардар и Пјуник во реваншот од првото коло во Лигата на Европа. 

Навивачката група „Комити“ со овој гест на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје му оддаде почит на нивниот член, 21-годишниот Никола Саздовски, кој по неколкудневна кома предизвикана од физичкиот напад врз него од страна на три лица, на Клиничкиот центар во Скопје им подлегна на повредите.