дома Занимливости КОМПАНИЈАТА ВОРНЕР БРОС ВО ЊУЈОРК ЌЕ ОТВОРИ НЕШТО ВОЛШЕБНО: Најголемата продавница на...

КОМПАНИЈАТА ВОРНЕР БРОС ВО ЊУЈОРК ЌЕ ОТВОРИ НЕШТО ВОЛШЕБНО: Најголемата продавница на светот, посветена на серијата за „Хари Потер”

Компанијата „Ворнер Брос“ ќе ја отвори во Њујорк најголемата продавница на светот, посветена на серијата за Хари Потер.

Продавницата ќе биде отворена за време на лето, а ќе се наоѓа покрај зградата „Флатирон Билдинг“ на Менхетен и ќе се простира на три ката на 1900 метри квадратни, пренесе „Форбс“.

Во продавницата, обожавателите на момчиња волшебници и други ликови ќе можат да пронајдат од сите волшебни стапчиња, наметки, до желе бонбони.

Од компанијата велат дека тоа ќе биде најголемата продавница во светот, посветена на Хари Потер, дека ќе биде една од дестинациите кои обожавателите ќе мораат да ја посетат и каде ќе имаат можност да направат бројни интересни фотографии.